Во пожар изгорела штала од коњички клуб во Неготино, но коњите се спасени. Оваа информација за МИА ја потврди командирот на неготинската територијална противпожарна единица, Столе Атанасов.

На пожарот интервениравме со три противпожарни возила и осум пожарникари. Огнот е изгасен, но сепак наша екипа е се уште на лице место и го проверува теренот. Засега не се знаат причините за пожарот и материјалната штета, дополнително ќе се утврдуваат, појасни Атанасов.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.