Во земјава на 31 јануари минатата година т.н. стапка на затворање изнесувала 142 затвореници на 100.000 жители, што претставува нејзино зголемување за 25,5 проценти на годишно ниво, покажуваа податоците од Годишна казнена статистика на Советот на Европа за 2023 година.

Со ова, како што јави дописникот на МИА од Брисел, Македонија се наоѓа на второ место меѓу членките на Советот на Европа според растот на стапката на затворање зад Молдавија, каде таа е зголемена за 52,1 отсто. Зад земјава се Кипар со раст на стапката на затворање од 24,8 проценти, Турција  со 15, Азербејџан со 12,5, Ирска со 11,7, Црна Гора со 11,3, Ерменија со 10,6, Хрватска со 10,4 и Унгарија со 8,7 проценти.

Најголемо намалување на стапката лани на 31 јануари 2023 споредено со истиот датум во 2022 година бележи Литванија од 8,9 отсто, пред Естонија од 8,8 и Грција од 5,2 проценти.

Од останатите земји од регионот, во Бугарија стапка на затворање за една година е зголемена за 8,1 отсто, во Србија за 4,2, во Словенија за 2,1 и во Албанија за 1,6 проценти, додека во Романија таа е непроменета. Инаку, просечната стапка на затворање во Европа бележи раст од 2,4 отсто.

Гледано, пак, номинално, со 142 затвореници на 100.000 жители Македонија е на 15-то место меѓу 48 затворски управи на земјите членки на Советот на Европа опфатени со анализата.

Околу 850 лица денеска беа евакуирани поради пожар во женски затвор лоциран југоисточно од Москва, објави руската затворска управа, без да даде повеќе информации.

Највисока стапка на затворање има Турција од 408 затвореници на 100.000 жители, пред Грузија со 256, Азербејџан со 244, Молдавија со 242, Унгарија со 211, Полска со 194, Словачка со 183, Албанија со 179, Чешка со 176, Литванија со 174, Летонија со 172, Црна Гора со 168, Србија со 162, Естонија со 151 и Македонија со 142 затвореници на 100.000 жители.

Најниски стапки на затворање се регистрирани во Финска од 52 затвореници на 100.000 жители, Холандија од 52, Норвешка од 55, Германија од 67, Словенија од 68, Данска од 71, Швајцарија од 73, Ерменија од 79, Шведска од 80 и Ирска од 85 затвореници на 100.000 жители.

Вкупниот број затвореници во земјите опфатени со Годишната казнена статистика на 31 јануари 2023 година изнесувал 1.034.876 лица. Најмногу затвореници или 348.265 имало во Турција, пред Велика Британија со 90.964, Франција со 72.294, Полска со 71.228, Германија со 56.294, Италија со 56.127, Шпанија со 55.909 и Украина со 42.708 затворени лица. 

Просечната густина во затворите во 37 затворски управи на членките на Советот на Европа на годишно ниво е намалена за 2 проценти од 93,5 на 91,6 затвореници на 100 достапни места, при што во земјава таа изнесувала 101, што ја рангира на делба на 10-то место со Хрватска според пренатрупаност на казнено-поправните установи.

Во седум земји густината во затворите била над 105 затвореници на 100 места, што се смета за „голема пренатрупаност“, и тоа Кипар со 166, Романија со 120, Франција со 119, Белгија со 115, Унгарија со 112, Италија со 109 и Словенија со 107 затвореници на 100 места. Првата десетка што ја заокружуваат Македонија и Хрватска, ја надополнуваат уште Грција со 103 и Шведска со 102 затвореници на 100 слободни места.

Во два затвора надвор од провинцијата Хубеи со коронавирус биле заразени 234 лица, а надлежните за кои се смета дека се одговорни за појавата на епидемијата меѓу затворските ѕидини се сменети

Најмала густина во затворите бележи Украина со 48 затвореници на 100 достапни места, пред Ерменија со 53, Шпанија (без Каталонија) со 60, Естонија со 68 и Бугарија и Литванија со по 69 затвореници на 100 слободни места.

Од останатите земји во регионот, густината во затворите во Турција изнесува 100, Црна Гора со 78 и Албанија со 87 затвореници на 100 слободни места.

Просечната возраст на македонските затвореници е 35 години, што е под просекот утврден во 40-те затворски управи опфатени со анализата, кој изнесува 38 години.

Најмлади затвореници во просек има Бугарија со просечна возраст од 33 година, пред Шведска со 34 и Данска, Молдавија и Франција, каде просечната старост на затворската популација, како и во земјава изнесува 35 години.

Највозрасни затвореници со просечна старост од 50 години има Србија, пред Грузија со 44, Италија со 43, Португалија и Шпанија со по 41 и Естонија, Албанија, Чешка и Норвешка со затвореници со 40-годишна просечна возраст.

Апелацискиот суд во Иран и потврди петгодишна затворска казна на иранско-француската научничка Фариби Аделкан.

Од вкупниот број затвореници, приближно 15 проценти биле на возраст од 50 до 64 години, а оваа стапка во земјава изнесува 21 отсто. Најголем процент на затвореници во оваа возрасна категорија или 24 имаат Италија и Словачка, по што следуваат Македонија и Португалија со 21 и Шпанија со 19 отсто.

Од сите затвореници, само речиси три проценти биле на возраст од над 65 години, при што таа стапка е највисока во Хрватска со 10,3 отсто, по што следуваат Литванија и Италија со по пет, Словенија со 4,8 и Летонија и Албанија со по 4,7 проценти.

На 31 јануари 2023 година само 5 од 100 затвореници во Европа биле жени. Најголем процент на затворенички е регистриран на Кипар од 9,2 отсто, пред Чешка од 8,5, Летонија и Финска од 7,7, Унгарија од 7,4 и Шпанија (без Каталонија), Словачка и Португалија со 7,2 проценти жени затвореници. Најмалку затворенички имало во Албанија од 1,3 отсто, пред Хрватска со 1,9, Ерменија со 2,6, Азербејџан со 2,9, Франција со 3,2 и Грузија со 3,4 проценти.

Од вкупниот број затвореници во европските затвори дури 27 отсто биле странци. Највисока стапка на странски затвореници или 78 отсто имало во Луксембург, пред Швајцарија со 71, Грција со 57, Кипар со 55, Австрија со 51, Шпанија и Малта со по 49, Белгија со 42, Германија со 40, Словенија со 34, Естонија со 33, Италија со 32 и Данска со 29 проценти. Најмал процент на странски затвореници имало во затворите во Романија и тоа само 1,1 отсто, пред Молдавија со 1,5, Азербејџан со 1,9, Украина со 2,1, Летонија со 2,4, Полска со 2,6 и Албанија со 2,8 проценти.

Албанскиот Хелсиншки комитет обвини дека затворениците кои биле заразени со Ковид-19 или сомнителни на вирусот, биле дискриминирани во нивниот здравствен третман.

Речиси една третина од лицата што се наоѓале во европските затвори на 31 јануари минатата година бил во притвор. Во Македонија на овој датум 12,3 отсто од лицата сместени во КПУ биле во притвор, со што земјава се наоѓа на петтото место според најмала стапка на притвореници. Помалку лица во притвор имале само Чешка со 7,5, Полска со 11,4, Литванија со 11,2 и Романија со 12,1 отсто од вкупниот број лица лишени од слобода. Најголема стапка на притвореници имало во Албанија од 55 отсто, пред Ерменија со 53, Луксембург со 49, Швајцарија со 46, Холандија со 45 и Црна Гора со 42 проценти.

Во 2022 година просечната должина на казната на затворениците во европските затвори изнесувала 10,1 месец, што е над трипати повеќе од просечната должина на затворските казни во Македонија, која изнесува три месеци и ја рангира земјата на второто место меѓу државите со најкуси казни, веднаш зад Швајцарија каде тие изнесувале 2,1 месеци. Веднаш зад земјава со просечна должина на затворските казни од 3,7 месеци е Луксембург, пред Холандија со 4,2 и Германија со 4,4 месеци.

Најголема просечна затворска казна во траење од 30,2 месеци имало во Португалија, пред Азербејџан од 27,2, Украина од 26,1, Молдавија од 25,3, Романија од 24, Чешка од 22, Литванија од 20,5, Шпанија (без Каталонија) од 19,7, Естонија од 19,2, Грција од 18,4 и Ерменија 18 месеци.

За првпат во Албанија ќе функцонира затвор наменетен само за повозрасни лица.

Просечната стапка на самоубиства во европските затвори во 2022 година изнесувала 5,3 самоубијци на 10.000 затвореници. Најголема стапка на самоубиства е регистрирана во Летонија со 21,7, пред Швајцарија со 20,2, Франција со 19,1, Шкотска со 18,9, Каталонија со 16,8, Италија со 15, Белгија со 14,3, Луксембург со 14,2 и Словенија со 13,9 самоубијци на 10.000 затвореници.

Главна причина за отслужување затворски казни во 45 затворски управи на членките на Советот на Европа биле кривични дела поврзани со наркотици. Така, на 31 јануари 2023 година за дела поврзани со наркотици биле осудени 18,5 проценти од затворениците, по што следуваат пресуди за убиство или обид за убиство со 12,8, за кражба со 11,5, за грабеж со 7,7, за физички напад со 6,7, за сексуални престапи без силување со 4,6, за силување 4,3 и за економски или финансиски криминал или сообраќајни прекршоци по три отсто.

Највисока стапка на затвореници осудени за кривични дела поврзани со дрога од 42 отсто има Летонија, пред Азербејџан со 42, Турција со 34, Италија со 31, Белгија и Србија со по 29, Данска со 27 и Шведска и Малта со по 25 проценти



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.