На 19.01.2023 во 21.00 часот на подрачјето на Карпош полициски службеници од СВР Скопје го лишиле од слобода М.И.(33) од Скопје, постапувајќи по пријава околу 12.50 часот според која во семејната куќа на подрачјето на Гази Баба бил пронајден починат неговиот татко Џ.И.(62).
Лекар од Итна медицинска помош констатирал смрт и повреди од огнено оружје.
Увид на местото извршила екипа од СВР Скопје, а покрај починатиот биле пронајдени неколку чаури.
По целосно документирање на случајот ќе биде поднесен соодветен поднесок.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.