Основното јавно обвинителство Скопје донесе наредба за спроведување истражна постапка против две лица, осомничени за кривично дело недозволено изработување, држење, посредување и тргување со оружје или распрскувачки материи од член 396 став 2 во врска со став 1 од Кривичниот законик.
На 16 мај, во автомобил БМВ со скопски регистарски ознаки, осомничените на возраст од 35 и 34 години, заеднички неовластено држеле поголемо количество оружје и муниција – три пиштоли марка „Црвена застава М57“ со соодветни рамки и 21 куршум, соопштија од Јавното обвинителство.
Во соопштението се наведува дека оружјето и муницијата биле пронајдени при претрес на автомобилот на улицата „Кичевска“, во кеса пред предното совозачко седиште. Надлежниот јавен обвинител до судијата на претходна постапка доставил предлог за определување мерка притвор за двајцата осомничени, оценувајќи дека во целост се исполнети законските основи.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.