На 17.11.2024 во 02.30 часот во Скопје, на подрачјето на Карпош, полициски службеници од Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје го лишиле К.Б.(33) од Република Хрватска затоа што кај него била пронајдена и одземена прашкаста материја.

По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.

На 16.11.2024 во 21.10 часот во Скопје, на подрачјето на Бит Пазар, полициски службеници од Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје го лишиле од слобода А.Ј.(46) од Скопје затоа што кај него била пронајдена и одземена бела прашкаста материја.

По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.

На 16.11.2024 во 23.50 часот во Скопје, на подрачјето на Чаир, полициски службеници од Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје ги лишиле од слобода З.Ш.(39) и Е.Ј.(39), двајцата од Скопје, затоа што кај нив била пронајдена и одземена марихуана.

По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.