Полициски службеници на СВР Тетово-дделение за внатрешни работи Гостивар, на улица „ Гоце Делчев“ во Гостивар го лишиле од слобода 50-годишниот А.Т. од Република Албанија.

Тој претходно бил пријавен од 54-годишен гостиварец дека на 14-ти и 15-ти овој месец во Гостивар, во два наврати, и се доближувал на неговата малолетна ќерка и ја допирал по телото, соопштија од СВР Тетово.

Додаваат дека А.Т. е задржан во Полициската станица Гостивар за целосно расчистување и документирање на случајот, по што против него ќе следува соодветен поднесок.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.