На 02.10.2024 година, околу 14.10 часот на ул.„Ѓорче Петров“ во Скопје, полициски службеници од Оперативен тим потраги при СВР Скопје го лишиле од слобода Р.Р.(50) од Скопје.
Тој бил баран по централна потерница врз основа на наредба од Основен кривичен суд Скопје за издржување казна затвор во траење од пет години за сторено кривично дело „тешка телесна повреда“ по член 131 став 2 од Кривичниот законик.
Лицето ќе биде спроведено во надлежната казнено – поправна установа за издржување на казната.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.