Надворешната канцеларија за криминалистички работи Гостивар поднесе кривична пријава против М.Д.(63) од Гостивар поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „вршење на јавен превоз без поседување лиценца“.

На 26.12.2022 во Гостивар, полициски службеници извршиле преглед на патничко возило „фолксваген голф“, кое го управувал пријавениот, при што било констатирано дека врши јавен превоз на патници без да поседува лиценца издадена од надлежен орган.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.