Денеска од страна на полициски службеници од Одделот за криминалистичка полиција – Сектор за недозволена трговија со дрога оружје и опасни материи во координација со Единицата за недозволена трговија при СВР Скопје лишен е од слобода М.М.(45) од Скопје.
Имено, врз основа на судска наредба, извршен е претрес кај М.М., на подрачјето на Кисела Вода, при што биле пронајдени и одземени две пакувања кафеава прашкаста материја, една дигитална вага и седум куршуми калибар 9мм.
Лицето е приведено во полициска станица и во координација со Јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Скопје, по комплетно документирање на случајот, против него ќе бидат поднесени соодветни поднесоци.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.