ОВР Дебар поднело кривична пријава против С.С.(43) од Гостивар поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „вршење јавен превоз без поседување лиценца”.

На 18 месецов при контрола во патниот сообраќај извршена на улицата „8 Септември“ во Дебар, полициските службеници го затекнале пријавениот при управување комбе „Форд“ со гостиварски регистарски ознаки. При тоа утврдиле дека врши јавен превоз на патници во внатрешниот сообраќај без да поседува соодветна лиценца за таква дејност издадена од надлежен државен орган – соопшти портпаролот на СВР – Охрид, Стефан Димоски.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.