Во дебарското одделение за внатрешни работи приведен е жител на градот поради неовластено фотографирање полициски службеници при превземање дејствија.

Приведено е лицето А.Д.(34) од Дебар, кој претходно на улица „Вељко Влаховиќ“ во Дебар со неговиот мобилен телефон извршил неовластено фотографирање на полициските службеници, кои преземале службени дејствија. Против него ќе биде поднесена соодветна пријава – изјави портпаролот на Секторот за внатрешни работи- Охрид, Стефан Димоски.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.