Во текот на изминатата вечер (25/26.03.2023) во периодот од 23.00 до 05.00 часот на територија на СВР Битола спроведена е засилена акциска контрола за санкционирање на возачи кои управуваат возило под дејство на алкохол.

При контролата санкционирани се 65 возачи. Од нив 7 на територија на Битола, 50 во Прилеп ,по двајца во Ресен и Крушево, тројца во Македонски Брод и еден во Демир Хисар. За време на контролата биле санкционирани и 51 други видови прекршоци.

Од МВР соопштуваат дека акциските контроли продолжуваат и во наредните денови.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.