Во акциска контрола на сообраќајот спроведена од СВР Скопје на територијата на главниот град, во текот на вчерашниот ден биле казнети 210 возачи, од кои половината (105) за возење со брзина поголема од дозволената.

Како што соопшти Министерството за внатрешни работи, шест казни се изречени за возење без возачка дозвола, 10 за возење под дејство на алкохол, седум за минување на црвено светло, две санкции за возач почетник…

МВР укажува дека сообраќајните контроли ќе продолжат и во наредните денови.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.