Полицијата цо Аеродорм уапсила 48-годишен скопјанец, во чиј дом биле пронајдени одредено количество оружје и дрога.
На 07.07.2022 во 20.20 часот на подрачје на Аеродром, полициски службеници од Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје го лишиле од слобода Б.Н.(48) од Скопје. При претрес во неговиот дом и други простории, извршен со наредба од Основен кривичен суд Скопје, биле пронајдени воздушна пушка, огнено оружје за звучно-светлосна сигнализација „САР“ од 9 мм калибар, РАК со една празна рамка и прашкаста материја – информираат од МВР.
По целосно документирање на случајот ќе биде поднесен соодветен поднесок.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.