Тројца скопјани, во Аеродром, Гази Баба и кај Бит Пазар биле уапсени од полицијата поради поседување марихуана.
Полициски службеници од Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје ноќеска во 00.05 часот на подрачјето на Аеродром го лишиле од слобода Ц.С.(23) од Скопје, затоа што кај него била пронајдена марихуана.
Полициски службеници од Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје вчера во 23.15 часот во парк-шума Гази Баба го лишиле од слобода Р.А.(48) од Скопје, затоа што кај него била пронајдена марихуана.
Полициски службеници од Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје вчера во 14.10 часот на подрачјето на Бит-пазар го лишиле од слобода Ј.Р.(34) од Скопје, затоа што кај него била пронајдена марихуана – информираат од МВР.
Оттаму додаваат дека по целосно документирање на случаите ќе бидат поднесени соодветни поднесоци против приведените.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.