Во текот на вчерашниот ден, полицијата во Скопје уапсила две момчиња кај кои била пронајдена марихуана.

На 17.10.2022 во 21.00 часот на подрачјето на Аеродром, полициски службеници од Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје го лишиле од слобода Т.В.(20) од Скопје, затоа тоа што кај него била пронајдена и одземена марихуана – информираат од МВР.

По документирање на случајот против него ќе биде поднесена соодветна пријава.

Час и половина, апсење поради марихуана имало и во Драчево.

Синоќа во 22.40 часот на подрачјето на Драчево, полициски службеници од Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје го лишиле од слобода А.Р.(28) од Скопје, затоа тоа што кај него била пронајдена и одземена марихуана – информираат од МВР.

По документирање на случајот против него ќе биде поднесена соодветна пријава.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.