Вчера во СВР Куманово било пријавено дека на крстосницата од регионален пат Куманово-Липково и локален пат за с.Лопате, патничко возило „опел зафира“, со кумановски регистарски ознаки, управувано од Љ.Б.И.(28) од с.Слупчане, липковско, удрило во Љ.М.(54) од с.Лопате.

Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил пешакот, констатирани во Општата болница во Куманово. Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Куманово.

 



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.