На електронска адреса на 33 основни училишта во Скопје е упатена закана за поставена експлозивна нaправа.

Веднаш по добиената пријава, од полициски службеници се преземени мерки за безбедно евакуирање на училиштето и во тек се антитерористички проверки и се преземаат мерки за расчистување на случајот“ извести МВР.

Според информации на „Република“, дојави дека се поставени бомби има во „Димитар Миладинов“, Коле Неделковски“, „Киро Глигоров“, „Гоце Делчев“ и „Ј.Х. Песталоци“ во Центар. Дојави за поставени бомба денеска стигналe и до раководството на основното училиште „Браќа Миладиновци“ во Аеродром, „Лазо Ангеловски“ во Ново Лисиче.

Во дел од училиштата, децата се веќе евакуирани и пуштени дома.

Од страна на вработените во училиштата учениците се безбедно евакуирани, а алармирани се и нивните родители.

 



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.