Тешка сообраќајна несреќа се случила рано утрово на булеварот „Крсте Мисирков“ кај зградата на МАНУ, кога автомобил се преврте на покрив.

Како што информираат од СВР Скопје, сообраќајкајната незгода се случила во 02:55 часот кога возачот на автомобил од марката „пасат“ со скопски регистарски таблички изгубил контрола над своето возило и се превртел.

Возачот Љ.Ч (45) поминал без повреди, а причинета е само материјална штета врз возилото.

Возилото часови подоцна остана превртено на булеварот, но не го блокира сообраќајот туку е оградено со заштитни конуси.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.