Граѓаните кои овие денови ги огласиле своите возила за продажба треба да внимаваат бидејќи постои една организирана група низ Скопје која има добро развиена шема да ги принудат сопствениците на автомобилите да ги продадаат што е можно побрзо и за цена помала од наведената на огласот.
Како функционира оваа група ни објасни еден читател кој имал искуство со овие луѓе.
Веднаш штом заитересираниот ќе го огласи своето возило на еден од двата најпознати сајтови за продажба, оваа група добива нотификации на мобилните дека има нов „клиент“ на пазарот.
Веднаш му се јавуваат и објаснуваат дека го виделе возилото на огласот и оти се сериозно заинтересирани да го купат. Огласувачот отпрвин мисли дека навистина сакаат да го купат неговото возило па не ни помислува дека станува збор за добро организирана дружина и веднаш се согласува да го покаже автомобилот кој сака да го продаде .
Оваа група се јавува исклучително ноќе во вечерните часови и бара веднаш да го види возилото. Доаѓаат неколкумина со ламби и кружат околу автомобилот а од сопственикот дури и не бараат да го запали возилото да видат како работи што е вообичаено при продажба.
Веднаш почнуваат со муабет дека возилото е лошо и дека можат да понудат половина од сумата која ја има сопственикот на возилото наведено во огласот. Откако газдата ќе им каже дека не прифаќа тие не се откажуваат и веднаш се распрашуваат за другите возила на паркингот дали се за продажба и со ламбата гледаат внатре во автомобилите.
Откако ќе си заминат, по десетина минути звони друг заинтересиран од различен број со истата приказна дека е на поминување и дека сака веднаш да го види возилото и оти е спремен да остави дури и капар. Очигледно е дека овие луѓе не доаѓаат за да купат возило кое чини 1.000-2000 евра кога излегуваат од џип од 30.000 евра и оти се работи за организирана шема.
Механичарите кои поправаат т.н мали возила велат дека се работи за добро разработена група од едно скопско село кои имаат за цел да купат вакви возила што е можно поевтино кои потоа ги „шминкаат“ и ги препродаваат за двојно повисока цена или пак вадат делови од кои можат добро да заработат.
Платината од катализаторот вреди како злато
Во Скопје зачестени се кражбите на катализатори на возило кои возат на бензин. Причина за кражбите на овој дел кој се наоѓа на задниот дел од возилото се благородните метали како платина и паладиум.Така на пример, цената на паладиумот, порасна неколкупати во последните пет години, при што во март годинава достигна рекордни 3000 евра за унца. Платината пак достигнува 58.000 евра килорам.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.