Вкупно 24 пожари на отворено имало во текот на денешниот ден до 19 часот. Од нив, се уште активни се седум, два под контрола, а 15 изгаснати.

Центарот за управување со кризи вечерва соопшти дека активни се пожарите меѓу селата Степанци, м.в.Кадиица – Оморани и селото Ораов Дол во општина Чашка, меѓу селата Пештани, село Кокре и село Кален во општина Прилеп, меѓу селата Хаџи Хамзали – Едеклерци – Топлик – Драгоево во општина Штип, како и меѓу селот Танушевци и месноста викана Рамно во општина Чучер-Сандево. Активни пожари има и во населбата Тризла во општина Прилеп, кај селото Теарце во истоимената општина, како и кај селото Вардино во општина Демир Хисар.

Под контрола се пожарите меѓу селата Десово – Дреновци во општина Долнени и кај селото Глоѓи во општина Теарце.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.