Пожарот во Старо Нагоричане е активен во атарот на селото Бељаковце и под дејство на ветрот се разгорува, објави директорот Центарот за управување со кризи, Стојанче Ангелов.

Според Ангелов, по неколкучасовната борба со огнот еден крак од пожарот не успеале да го спасат, и покрај упорното дејство на полицискиот хеликоптер којшто пред малку се повлече затоа што веќе настапува ноќта.

Пожарникарите остануваат на терен и во следните часови ќе се обидат да го изгаснат, за да не се прошири. Не сум голем оптимист бидејќи гори шума, горат грмушки и трева, тешко е и ризично гаснењето на вакви пожари, особено ако се земе во предвид и ветрот којшто повремено се појавува и го менува својот правец, вели Ангелов.

Два активни пожари има и кај Ваксинце. Едниот е сериозен – гори поголема површина со трева.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.