Вчера во 23.10 часот на Магистрален пат А4 Струмица – Ново Село, во близина на село Дабиље се случила сообраќајна несреќа во која учествувале патничко возило „фолксваген поло” со италијанска национална ознака, управувано од В.А.(52) од село Еднокуќево, струмичко, патничко возило „ауди а3″, управувано од М.М.(31) од Струмица и патничко возило „фиат типо”, управувано од М.К.(52) од Струмица, двете со струмички регистарски ознаки.

Во несреќата возачите В.А. и М.М. се здобиле со тешки телесни повреди, а возачот М.К. се здобил со телесни повреди, констатирани во Медицински центар Струмица. Увид извршила екипа на Полициската станица Струмица.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.