Велосипедист е потешко повреден во сообраќајка која се случи претпладне околу 10 часот на заобиколниот пат околу Струмица. Според првичните информации од портпаролот на СВР Струмица, Александра Трајанова, засега не се познати причините за сообраќајката, а во неа учествувале патнички автомобил и велосипедистот.

Повредениот е пренесен во струмичката болница каде бил примен во тешка состостојба со повреди на главите и телото.

Повредениот беше донесен во безсознание и по извршената реанимација и заради тежината на повредите е испратен во Клиничкиот центар во Скопје, информираше за МИА д-р Гошко Гошев, началник на Хируршкото одделение во струмичката болница.

Увидот на полицијата на местото на сообраќајката се уште трае, а сообраќајот по заобиколниот пат се одвива отежнато.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.