Во средата во Косово е лишен од слобода македонскиот државјанин А.А. (48), кој се барал со меѓународна потерница за затворска казна од 12 години за кривично дело убиство, сторено на 26.05.2003.

Приведувањето следи како резултат на меѓународната полициска соработка помеѓу Македонија и Косово, која е поддржана од регионалниот проект на ЕУ-Сузбивање на сериозен криминал во Западен Балкан ИПА 2019, велат од МВР.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.