Вчера во Велес полициски службеници од Отсекот за недозволена трговија со дрога при СВР Велес ги лишиле од слобода М.Т.(48) и Ѓ.Д.(39), двајцата од Велес.

Околу 09.00 часот, Ѓ.Д. бил затекнат како му продава две пакувања со кафена прашкаста материја на М.Т., кој пак ги проголтал пакувањата откако ги забележал полициските службеници, по што бил пренесен во болница во Велес.

Подоцна, со судска наредба, бил извршен и претрес во домот на Ѓ.Д., при што биле пронајдени и одземени 14 пакувања со кафеава прашкаста материја и пари. По целосно документирање на случајот, во координација со јавен обивнител, против Ѓ.Д. ќе биде поднесена кривична пријава по член 215 од Кривичниот законик – „неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанци и прекурзори”, соопшти МВР.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.