Изутрината во  06.15 часот во СВР Велес било пријавено дека на автопатот А-1, делница Велес – Скопје, патничко возило „фолксваген голф“ со велешки регистарски ознаки, управувано од 31 годишниот велешанец П.К., излетало од коловозот.

Во несреќата, возачот се здобил со тешки телесни повреди констатирани во велешката болница, информираат од СВР Велес.

Како што изјави за МИА, Марина Андова портпарол на ЈЗУ Општа болница  на повредениот кој во велешката болница бил донесен во 7:00 часот, веднаш ми била укажана лекарска помош и бил испратен на одделот за Радиодијагностика и томографија и била констатирана скршеница на лева натколеница и бил оставен до 11 часот на посматрање  во одделението за Хирургија,ортопедија и трауматологија при велешката Општа болница. Поради сериозноста на повредата потоа со возило на Итна помош бил препратен на понатамошно лекување во скопските клиники.

Како што информираат од СВР Велес, за настанот бил  известен јавен обвинител и по негово овластување, полициски службеници извршиле  увид на местото на настанот.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.