Вчера пред полноќ е упасен велешанец кој украл чанта од повозрасна сограѓанка.

На 17.02.2023 во 23.00 часот во Велес, полициски службеници од СВР Велес го лишиле од слобода А.Д.(30) од Велес. Тој се сомничи дека околу 19.30 часот кај место викано „Сточно пазариште“ во Велес физички ја нападнал С.М.(64) од Велес, по што и одзел чанта со пари и лични предмети.

Одземените предмети биле пронајдени и вратени на сопственичката, а лицето било задржано во полициска станица. По целосно документирање на случајот, против него ќе биде поднесена соодветна пријава.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.