Четириест и седумгодишен жител на велешко село во текот на вчерашниот ден пријавил дека бил измамен од едно лице за сума од 251.110 денари, информираат денеска од Секторот за внатрешни работи – Велес.

Според пријавеното, на 29 јули, преку мобилна апликација, лицето се договорило со него за набавка на бела техника. Како што е пријавено, договорената стока била испратена во Скопје – Чаир и била преземена од друго лице, но, парите не му биле исплатени во договорениот рок и по една недела, лицето веќе не било достапно, по што сфатил дека е измамен“, појаснуваат од СВР – Велес.

Се преземаат мерки за расчистување на случајот.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.