На територија на град Скопје полицијата вчера изрекла вкупно 143 мерки, меѓу кои за возење под дејство на алкохол 48 санкции, 19 мерки за возење повеќе од дозволената брзина, 20 санкции за возење без возачка дозвола.

Изречени се 11 мерки за непрописно паркирање, четири мерки за минување на црвено светло, три мерки за некористење сигурносен појас, четири мерки за користење мобилен телефон, четири мерки за возач почетник, седум мерки за нерегистрирани возила – се вели во соопштението од МВР.

Од МВР информираат дека продолжуваат засилените акциски контроли и во наредните денови.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.