Министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски утрово на прес-конференција изјави дека двете тела, на 14-годишната Вања Ѓорчевска и на 74-годишниот Панче Жежовски биле пронајдени закопани во земја.

Едното тело беше пронајдено закопано во околината на Скопје, второто тело во околината на Велес, рече Спасовски.

Тој потенцираше дека случајот е целосно расчистен, но не онака како што сите очекувале, односно да се најдат живи и здрави Вања и пензионерот од Велес.

Спасовски нагласи дека двете жртви меѓусебно не се поврзани, но нарачателот на убиството имал нерасчистени сметки со пензионерот и со семејството на девојчето.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.