Едно лице е повредено во сообраќајна несреќа што се случила рано утрово меѓу три возила на булеварот „Јане Сандански“ во општина Аеродром, кај „Мајчин дом“. Информацијата за МИА ја потврдија од Министерството за внатрешни работи.
Во 5:43 часот е пријавена сообраќајката меѓу три возила. Станува збор за „хјундаи“, „шевролет“ и „кија“, сите со скопски регистарски таблички. Има едно повредено лице, информираа од МВР за МИА.
Повеќе детали, од МВР најавија во текот на денот.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.