Вчера во 13.20 часот во СВР Скопје било пријавено дека во градски приватен автобус на бул.„Партизански одреди“ во Скопје, додека се превезувала во него како патник, паднала З.Љ.(57) од Скопје.

Во несреќата таа се здобила со тешки телесни повреди, констатирани во Градската општа болница „8 Септември“.

Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Скопје и се преземаат мерки за расчистување на случајот.

 



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.