Регионалниот ЦУК Охрид, известува дека после пладне, на Единствен повикувачки број за итни повици 112 во ЦУК, било пријавено од Итна медицинска помош од Охрид дека во близина на хотел „Десарет“ во Охрид, лице (странски државјанин) паднало во непристапен терен и од паѓањето се здобило со телесни повреди, по што била повикана итнатата медицинска помош.

Заради непристапнапноста на теренот медицнската екипа екипата не можела да интервенира, па од ЦУК беа известени пожарникарите од ТППЕ Охрид, полицајците од СВР Охрид и Планинарска спасителна служба Патагонија од Охрид.
Екипата од ТППЕ Охрид со 1 ПП возло и 3 пожарникари интервенирале, при што лицето било извлечено од местото на настанот, па е префрлено во полициски глисер и преку езеро било пренесено до возилото на Итна медицинска помош, а потоа во болница во Охрид на понатамошен третман, соопшти ЦУК.

Уште една успешна спасувачка акција на нашите пожарникари-спасители ! Интервентната екипа на Тппе Охрид изврши извлекување на повреден турист паднат во амбис ,во близина на х.Десарет. Повреденото лице е лоцирано и безбедно е транспортирано на пловен објект за понатамошно лекување, велат од Противпожарната бригада.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.