Полициски службеници од СВР Битола денеска го лишија од слобода Г.К. (47) од Прилеп, кој предизвикал општа опасност, палејќи го возилото на синот.
Според МВР, постапено е по пријава во 16.47 часот, според која, на улицата „Бистра Планина” во Прилеп настанал пожар во патничко возило „БМВ” без регистарски ознаки, сопственост на М.К. (26) од Прилеп и се преземени мерки и активности.
Пожарот е изгаснат од територијалната противпожарна единица, извршен е увид и е констатирано дека пожарот на возилото го предизвикал приведениот, татко на оштетеното лице, по претходна меѓусебна семејна расправија.
По документирање на случајот против него ќе биде поднесена пријава за „предизвикување општа опасност” по член 288 од Кривичниот законик.„
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.