Едно лице е приведено и со него се разговара за оштетените автомобили во катната гаража зад ТЦ „Буњаковец“. Командирот на ПС Центар, Игор Стаменковски ме информираше дека оштетени се 18 автомобили и истите имаат искршени прозорци и шофершајни.
Оваа случка ги вознемири Центарци и мене како градоначалник. Затоа праќам апел, граѓаните со повик до МВР на бројот 192 да ги пријавуваат сите сомнителни дејства во околината на нивните домови и живеалишта. Од институциите очекувам откривање на сторителите и нивно казнување воедно благодарам за нивната брза реакција, напиша на Фејсбук, градоначалникот на општина Центар, Горан Герасимовки.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.