Уште едно убиство на македонски државјанин во Есен, Германија. Во стан, 41 годишна жена била избодена од сопругот пред очите на нејзиниот осумгодишен син. Таа веднаш искрварила до смрт.
Постариот син (16) ја известил полицијата за ужасниот настан. Кога дошол дома околу 19 часот, неговиот помал брат стоел пред заклучената врата од станот. Тој бил целосно вознемирен и рекол дека мајка му била внатре и лежела на подот повредена.
Полицајците кои пристигнале ја пронашле жената облеана во крв во станот во областа Креј. Лекарот од итната медицинска помош и болничарите се обиделе да ја реанимираат мајката. За жал залудно.
Пред неколку дена во истиот град беше смртно претепан Емре Исмаил од Жировница.
Comments are closed for this post.