На 15 јули во 15.30 часот на ул. „Брсјчка буна“ во Скопје, полициски службеници од Полициската станица Шуто Оризари ги лишиле од слобода А.Ј.(57) и М.Ј.(24), двајцата од Скопје.

Како што соопшти МВР, тие се сомничат дека на 10.07.2023 на ул. „Херој Карпош“ во Крива Паланка одзеле патничко возило „опел омега“, сопственост на С.В. од Крива Паланка.

Возилото било пронајдено со повеќе извадени делови од него, а лицата биле задржани во полициска станица и со нив бил извршен службен разговор.

По целосно документирање на случајот против нив ќе биде поднесена соодветна пријава.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.