Крадци влегле во семејниот дом на Индови од Скопје и украле значителна сума од донациите кои се собираат за скапото лекување на 18-годишниот Леонид. Од МВР за „Фокус“ откриваат дека настанот се случил минатиот месец, на 18-ти, кога од страна на Б.И. било пријавено во полиција дека во периодот од 11.30 до 14.50 часот со подесен предмет било влезено во нивниот дом во Аеродром и биле одземени пари и други предмети.

Иаконема податоци за точната сума на пари која била украдена, на социјалните мрежи и во некои медиуми се објави веста дека биле украдени 50.000 евра, но официјална потврда за тоа се уште нема од надлежната служба.

Од МВР превземаат мерки за расчистување на случајот.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.