Вчера во 22.50 часот во Полициската станица Струмица било пријавено дека во село Баница, струмичко, И.К.(22) од село Баница, управувајќи патничко волзило „фолксваген пасат“ со струмички регистарски ознаки, изгубил контрола над возилото и удрил во ограда.

По несреќата, И.К. го напуштил местото, а сопатникот К.Ѓ.(29) од Струмица бил пренесен во Медицински центар Струмица каде му биле констатирани тешки телесни повреди.

По преземени мерки, во 23.50 часот возачот бил пронајден и пренесен во Медицински центар Струмица, каде што, исто така, му биле констатирани тешки телесни повреди.

Увид на местото на несреќата извршила екипа на Полициската станица Струмица.

 



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.