Министерството за внатрешни работи известува дека приведен е бегалец од затвор кој бил баран со централна потерница по наредба на КПУ Идризово. 62 годишното лице од Крушево е осудено на 15 години затворска казна и има уште околу седум години за доиздржување.

Денеска (05.01.2024) од страна на полициски службеници за РЦГР ЈУГ и СВР Битола лишен од слобода е Б.М. (62) од Крушево, кој бил баран со централна потерница по наредба на КПУ Идризово поради бегство од затворот. Б.М. е осуден на 15 години казна затвор по чл.123 од КЗ на РСМ, а за доиздржување има 7 години 5 месеци и 7 дена, се вели во соопштението на МВР.

Оттаму исто така информираат дека лицето ќе биде спроведено во казнено поправната установа.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.