Полицијата врши увид во скопското село Батинци откако таму во пукотници утрово загина едно лице загина, додека друго е повредено и пренесено во Ургентниот центар во Скопје.

Според пријавата во МВР, убијците со автоматко оружје пукале од автомобил „мерцедес“ во движење кон автомобил „форд“ во којшто биле жртвите.

На 01.07.2024 во 09,25 часот во СВР Скопје е пријавено дека во с.Батинци, скопско, две лица со патничко возило „мерцедес“ пукале кон патничко возило „форд“ во кое биле А.Б.И.(34) и З.И.(31), двајцата од с. Црн врв. На местото на настанот починал А.Б.И., а З.И. се здобил со повреди и е пренесен за укажување лекарска помош во Ургентен центар-Скопје, велат од МВР.

Според информациите на ТВ21, нападнатите биле браќа.

СВР Скопје во координација со Одделот за специјални полициски операции и Одделот за воздухопловни единици преземаат мерки и активности за пронаоѓање на сторителите и расчистување на случајот.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.