Денеска е уапсен крадец во Скопје, сите украдени предмети се пронајдени и тие ќе му бидат вратени на сопственикот, соопшти вечерва Министерството за внатрешни работи на Македонија.

– Денеска (04.12.2022) од страна на полициски службеници од Единицата за внатрешни работи – Одделение за криминалистички работи Кисела Вода бил лишен од слобода Т.К.(35) од Скопје. Тој се сомничи дека на 03.12.2022 во периодот од 12.40 до 15.40 од механичарска работилница на подрачјето на Кисела Вода, сопственост на З.А.(39) од Скопје, извршил кривично дело “тешка кражба”, при што одзел компјутер, голема хидраулична дигалка и голема количина на разновиден механичарски алат и електронски апарати. По преземени мерки од полициски службеници сторителот на кривичното дело е откриен, пронајден и приведен во полициска станица, а сите одземени предмети се пронајдени и ќе бидат вратени на сопственикот, соопшти МВР .

Во координација со дежурен Јавен обвинител, се додава во соопштението, по документирање на случајот против лицето ќе биде поднесен соодветен поднесок.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.