Во периодот од 19.50 часот на 01.07. до 03.00 часот на 02.07.2022 за време на одржување на музичка манифестација во Стар Дојран, полициски службеници од Секторот за внатрешни работи Струмица извршиле контрола и ги лишиле од слобода 18 лица.
Приведени биле М.Ж.(26), Ф.П.(25), Ж.Н.(26), К.Ј.(28), Ј.Р.(21), Д.Т.(22) и Ф.П.(34), сите од Скопје, И.Г.(25) од с.Кадино, општина Илинден, А.С.(26) и В.Б.(26) од Кавадарци, А.П.(26) и З.Т.(46) од Неготино, А.У.(23) и Ј.У.(30) од Нов Дојран, Ј.С.(19) од Тетово, С.И.(22) од село Ињево, радовишко, Р.Ј.(43) од Богданци и М.К.Е.(64) од Јамајка.
При преглед кај лицата биле пронајдени и одземени марихуана, кокаин и екстази.
Тие биле приведени во полициска станица и по целосно документирање на случајот против нив ќе бидат поднесени соодветни поднесоци.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.