Полициски службеници на СВР Тетово вчеравечер во 23 часот лишиле од слобода двајца малолетници од тетовско Џепчиште, кои претходно биле пријавени од 56-годишниот И.И. од тетовски Порој дека околу 21 часот и 30 минути во селото физички го нападнале неговиот малолетен син. Според пријавеното, едниот од нив користел и метален предмет.
Се расчистува и документира случајот, по што на двајцата пријавени малолетници ќе им бидат изготвени соодветни поднесоци, велат од СВР Тетово.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.