На 19.09.2024, полициски службеници од СВР Куманово ги лишиле од слобода Ѓ.С.(32) и С.Б.(27), двајцата од Куманово. Тие се сомничат дека на 21.07.2024 одзеле предмети од приватен имот во Куманово.
МВР соопшти дека тие биле приведени во полициска станица и по целосно документирање на случајот против нив ќе следуваат соодветни пријави.
Исто така, на 19.09.2024 во 18.20 часот, полициски службеници од СВР Куманово ги лишиле од слобода Д.Р.(31) и Е.И.(34), двајцата од Куманово, затоа што од приватен имот во кумановско одзеле домашни животни.
Тие биле приведени во полициска станица и по целосно документирање на случајот против нив ќе следува соодветна пријава.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.