Полицијата денеска привела 50-годишен тетовец, баран по распишана централна потерница за издржување затворска казна, информираат од Министерството за внатрешни работи.

Полициски службеници од Оперативен тим Потраги денеска во 08.10 часот на улица „Митрополит Теодосиј Гологанов“ го лишиле од слобода С. Т. (50) од Тетово. За него била распишана централна потерница по наредба од Основното јавно обвинителство Скопје за истражна постапка во врска со кривично дело по чл.247 од Кривичниот законик – се вели во соопштението од МВР.

Лицето е предадено во полициска станица за понатамошна постапка.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.