Жител на Скопје вчера бил уапсен поради напад врз полицаец и агресивно однесување кон поранешни колеги од работното место, соопшти полицијата.

На 27.09.2024 во 13.45 часот во Скопје, на подрачјето на Кисела Вода, полициски службеници при СВР Скопје го лишиле од слобода Г.Т.(35) од Скопје затоа што физички нападнал полициски службеник кој извршувал службени дејствија и агресивно однесувал кон колеги од фирмата во која порано работел, велат од МВР.

По целосното документирање на случајот, ќе следува соодветна пријава.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.