Синоќа во 18.40 часот полициски службеници од ОВР Кавадарци го лишиле од слобода А.Х.(33) од Кавадарци, по пријава од 26-годишна сограѓанка, со која бил во љубовна врска.

Според пријавеното, на 09.06.2024 во хотелска соба во Кавадарци, А.Х. физички ја нападнал и извршил обљуба врз неа. А.Х. бил приведен во полициска станица, известен бил јавен обвинител и по целосно документирање на случајот ќе биде поднесена соодветна пријава, информираа од СВР Велес.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.