Мајка пријавила дека маж со автомобил ја одвел нејзината малолетна ќерка, полицијата го уапси 31-годишниот стружанец.

Во саботата во 14.10 часот во Гостивар полициски службеници од СВР Тетово го лишиле од слобода С.А.(31) од с.Трново, гостиварско, постапувајќи по пријава во ОВР Струга, според која претходниот ден со патничко возило одвел малолетничка од дворот на нејзината семејна куќа во струшко село, по што малолетничката телефонски ѝ соопштила на мајка си дека е во домот на момчето со кое е во љубовна врска, информира МВР.

По целосно документирање на случајот ќе биде поднесен соодветен поднесок.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.